Риба со зачинет путер

31 март, 20120
riba

Состојки:

  • 1 лимон
  • 2 лажици путер на собна температура
  • 2 лажици сецкан свеж коријандер или магдонос
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 1 лажица масло
  • 4 филети сом (секој по 200гр)
  • 1 лажица зачин за риба

Подготовка:

Изрендајте ја кората од лимонот, а потоа пресечете го и исцедете го сокот. На кората и сокот додадете коријандер, путер и лук. Измешајте и соединете, и оставете го настрана.

Загрејте масло на тава, на многу силен оган. Зачинете ја рибата. Кога маслото во тавата ќе биде доволно загреано, додадете ја рибата и пржете без да ја поместите, додека рибата по работ не потемни и стане крцкава, вкупно околу 4 минути. Свртете ја рибата и пржете додека не почне да се двои при благ притисок одозгора, околу 2 минути.

Префрлете ја рибата на чинија за сервирање, и  секое парче прелијте го со подготвената смеса од путер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi