Пејачката ќе ја игра главната негативна улога во шестото продолжение на филмот.
Rihanna ја доби улогата во следното продолжение на “Fast and furious”, кој ќе се снима следната година.
“Продуцентите беа воодушевени со нејзината улога во филмот “Battleship”, па и беше понудена улогата на негативец во новиот филм”, изјави извор близок до продукцијата.
Приказната за новиот дел, во кој ќе треба улогите да ги репризираат Vin Diesel и Dwayne Douglas Johnson ќе биде сместен во Лондон.