Погледнете ги фотографиите од новото видео на Rihanna и Drake.
Rihanna и Drake имаат соработувано за прв пат на песната “What’s My Name?” која се наоѓа на албумот “Loud” од 2010 година. Сега, таа ја врати “услугата” на својот колега, гостувајќи во насловната нумера на новиот албум “Take Care”. Песната е во продукција на Jamie XX, а видеото во режија на Yoann Lemoine.
Drake е на насловната страница на априлскиот број на магазинот GQ за мажи.
Во интервјуто, Drake ја раскажува приказната за моменталната состојба на хип-хоп музичката сцена и вели дека “денес е помалку важен уличниот кредибилитет”, а обожавателите ќе се расположат кога ќе слушнат дека во моментот е слободен и бара девојка.