Како што пренесува магазинот ОК, на Ријана од секогаш и се допаѓал актерот Роберт Патинсон, а сега откако е сам, пејачката решила да преземе поголеми чекори.
Еден приајтел на Ријана изјавил за магазинот: „Тие се имаа сретнато неколку пати на доделување на разни наградни минатата година. Рири мисли дека тој е сладок, но ништо не се обиде да направи бидејќи тогап тој беше во врска со Кристен“.
Наводно Ријана го добила бројот на Роберт и му испратила неколку секси и забавни пораки за да го расположи. На почетокот Роберт мислел дека некој се шегува со него, но подоцна Ријана му потврдила дека навистина е таа. Сега за сега Роберт ја одбил славната пејачка.
Пријателите на актерот пак, сметаат дека е време да ја заборави Кристен и да пронајде нова девојка.