Многу негативни реакции се појавија откако Ријана го “обновила” своето пријателство со поранешниот дечко Крис Браун, кој ја физички ја нападна во 2009 година.
Но пејачката ја брани својата одлука за тоа како сака да го поминува времето со Крис, а и во новото издание на Vogue, покрај тоа што позирала, зборувала и за односот со Браун.
24- годишната Ријана објаснува дека луѓето не разбираат колку нејзината врска со Крис се променила од пред три години.
“Светот не гледа никаков напредок во нашето пријателство, бидејќи тие не гледаат ништо. Но тие не знаат, не гледаат што јас гледам, единствено ако не се на мое место. Веројатно ќе научам како да се носам со тоа”, објаснила во интервјуто за Vogue.