Ријана нервозна го прекинала концертот…

popara21 ноември, 20121min00
rihanna

Познато е дека Ријана, која пред само неколку дена го издаде албумот Unapologetic била на турнејата 777, во склоп на која одржала 7 концерти за 7 дена во 7 држави.

Изминатиот викенд Рири настапувала во Лондон во Кentish Town Forum пред 2.000 луѓе. Во заводливо издание пејачката ја довела публиката до лудило, допирајќи ги прво градите, а потоа и останатите срамни делови од телото.

Меѓутоа, она што го одбележало лондонскиот концерт бил инцидент кој Ријана го имала со членовите од својот бенд. Всушност, за време на изведувањето на песната Where Have You Been, дошло до мал пропуст на бендот на Ријана, таа во еден момент прекинала, почнала да пцуе и порачала дека вакави работи се случуваат кога е во прашање, како што вели таа rock ‘n’ roll турнеја.

Погледнете што всушност се случило…

http://www.youtube.com/watch?v=OT_I11wVGMY&feature=player_embedded