Токму кога ќе помислите дека Ријана повеќе неможе да ве изненади со своето голо издание, таа повторно го прави тоа!
Пејачката која го освои светот со заразните хитови, се соблече сосема гола за магазинот GQ. Стратешките делови од телото ги покрила со рацете и минијатурна црна јакна, а за љубопитните погледи јасно ја изложила и својата нова тетоважа.
На шест страни во изданието на овој магазин за месец декември, 24-годишната пејачка позира во заводливи изданија кои ќе бидат вистинско изненадување особено за машкиот пол.
Во интервјуто за GQ оваа пејачка од Барбадос зборувала за љубовта и за тоа дека сака да се чувствува како жена, па воопшто не и пречат медиумските шпекулации за тоа со кого е во врска.