Рио Celeste – Скриениот скапоцен камен на Костарика

popara6 септември, 20121min00
naslovna

Локалната легенда кажува дека Бог по сликањето на небото, ги измил сините четки во реката која сега го носи името Rio Celeste или светло сина река.

Во средината на густата тропска шума на националниот парк Тенорио лежи скриен дијамант на Костарика. Rio Celeste е една од најспектакуларните реки на Костарика и сигурно една од главните атракции на националниот парк.

Овој скапоцен камен на природата го привлекол вниманието на локалното население и туристите поради својата препознатлива светло сина боја, но и поради природните термални извори и водопади кои важат за едни од најубавите во Џентрална Америка.

Rio Celeste е навистина чудо на природата. Настанува со спојување на две реки. Едната река е планинска, богата со калциум, додека другата е богата со минерали од неактивен вулкан Tenorio кој се наоѓа во внатрешноста на паркот. Со спојувањето на реките настанува природна хемиска реакција, и резултира со запрепастувачки сина боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag