Секогаш е убаво да имаш еден тон причини за да се разбудиш наутро…или барем една, но каква…Мислам за работите кои ме буделе до сега. На прво место е работното време енд дет сакс. Планови (досадни или пријатни), обврски, бакнежи и што ли уште не…секогаш има што да те дигне од кревет(а и да те врати таму) во 4 наутро или во 3 попладне. Останува прашањето дали сатите после и пред сон се такви, кави што сакаме.
Ние заглавуваме во досадни тешки мисли, спомени, во креветот, во работата, во врските, во старите папки во компјутерот – полни со фотографии со бившиот, незаборавни моменти, луѓе со кои сме биле среќни. А развој секогаш има, зошто секоја нова глупост, која се раѓа во главата, не прави поразлични. Мислите секогаш се нови, дури и кога се насочени кон истото место.
Тоа што може да не избави од ваквото „заглавување“ е ризикот. Не е ризик да ја обоиш косата или да решиш дека денес нема да јадеш леб. Ризикот е да кажеш „у.п.м. на се“ што те плашело до сега и да поверуваш, дека има многу повеќе.
Се разбира во животот многу поголема одговорност за она што се случува не носиме ние, а Вселената, Космосот, Случајноста и Судбината. (Банда појави со изопачено чувство за хумор!) Но тоа пак не значи дека не можеме да ги надиграме. И тоа само со еден џокер во рака.
Ризикувам. Да! In your face!
Што значи да се ризикува? Епа во еден момент да ги заебеш големите планови за тоа каков си сакал да бидеш кога ќе пораснеш. Да престанеш да мислиш, дека знаеш каков точно треба да е човекот, кој ќе те направи среќен…
Оставаме бандата Појави да си делуваат, но и ние сме спремни за акција. Ние сме на ред во моментите кога нема план, нема и план Б…И ништо не е како што мислиме дека треба. Сега е твојот потег.
Тоа е ризикот! Дури и да нема што да те разбуди, биди спремен да го проживееш денот, зошто секоја минута вреди. И си е твоја.
А што треба да се случи, ќе се случи. Неизбежно. Докажано. Понекогаш непријатно. Но секогаш возбудливо. И ако не се разбудиш, нема како да разбереш.