Во природата ми е да сум непокорна…Во природата ми е да сум дива…Да сакам да пробам од се…Да не се задоволувам со малку…Да барам постојано и да преоткривам…да ги ширам границите на моите возможности…
Родена сум да бидам ветар…да отидам на илјада места…да однесам се со себе…и покрај тоа да не оставам траги…
Родена сум да бидам оган…да опустошувам…да претворам во пепел…да направам крвта да ти врие…да ме сакаш целата…да не можеш да ме спречиш…да горам во тебе но да не изгорам…и ако си отидам…да остане само пепел и јаглен…
Родена сум да бидам феникс…кој секогаш бара нов почеток…кој живее на границата помеѓу животот и смртта…кој се раѓа од ништо…кој се враќа во пепел…
Создадена сум да трчам…во потрага по подобро…без разлика колку е убаво тоа што веќе го имам…неможам да престанам…сакам да летам…сакам да сум исполнета со смисла…а без да видам се нема како…
Зошто човек се раѓа само со еден живот?!
Силните плачат сами. Не забиваат нож во грб. И не се поклонуваат на никого. Рамо за силните нема.