Се претпоставува дека првите резултати од овој експеримент ќе бидат познати дури за една до две години.
Неколку затвори во најмногу бројната германска сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија почнале најагресивните затвореници да ги сместуваат во ќелии кои се офарбани во розово, бидејќи тие можеле да делуваат смирувачки.
Во два затвора експериментот почнал пред една година, а уште два од неодамна почнале да ги сместуваат агресивните затвореници во розови ќелии. Во тие ќелии има само тоалет и душек за спиење со постелина.
Ниту еден од затворениците не се пожалиле поради тоа што се сместувани во розеви ќелии, а управите стравувале дека тоа ќе се случи пред се поради фактот дека тие може да се чувстуваат понижено поради бојата на ѕидовите.