Потребни состојки:
- 400гр неутрална павлака
- 2 касички од 9гр желатин
- 100гр маргарин
- 250гр шеќер во прав
- рум екстракт
- 200гр кокос
- 300гр чоколадо за готвење
- 5 лажици масло
Начин на подготовка:
Павалаката и маргаринот ставете ги да се готват и додадете шеќер во прав. Кога смесата ќе почне да врие, тргнете од оган и додадете претходно потопен желатин и рум, па добро измешајте. На крајот додадете кокос и помешајте го со смесата.Во еден плех обложен со фолија истурете ја смесата и оставете да се олади. Најдобро е така да остане во текот на ноќта. Кога ќе се стегне, префрлете ја смесата на даска за сечење која треба да ја покриете со хратија за печење. Сечете фо форми по ваша желба и прелијте со чоколадо. Декорирајте по желба.