Свежото авокадо заедно со маслиновото масло може да им помогне на жените кои се во процесот на вештачко оплодување.
Храната која е стандарден дел од медитеранската исхрана ги зголемува шансите до три пати за жените кои се во процес на лекување на неплодноста.
Една студија покажала дека назаситените масти кои ги има во маслиновото и сончогледовото масло, орасите, семките се најдобри за идните мајки. Оние кои ги јадат овие намирници имаат 3 до 4 пати поголеми шанси да успее процесот на вештачко оплодување.
Оваа студија е претставена во Конгресот на хумана репродукција и ембриологија во Истанбул, а спроведена е на Харвард.
Хорхе Каваро, лидерот на студијата изјавил: „Најдобра храна е авокадото, која има многу незаситени масти и маслиново масло“.