Сакате да преноќите во игло – одете во прекрасниот Какслаутанен во Финска

popara4 јануари, 20121min00
Untitled-6

Дали некогаш сте посакале да поминете една ноќ во игло како Ескимите. Доколку имате желба, а и можност, посетете го селото Какслаутанен во Финска, каде ќе најдете хотел кој наместо соби, ви нуди ноќевање во игло.

Хотелот, кој е лоциран во северниот дел на Финска, е едно од најлудите места за романтично патување. Гостите имаат можност да бидат сместени во дрвени куќарки, игло од снег и игло од стакло. Најдобар избор се секако иглата од стакло, каде може да уживате во прекрасниот пејсаж и небото преполно со ѕвезди. Самите игла се луксузно уредени и се наменети за парови.

Сепак, доколку сакате најавтентично искуство изберете игло направено од снег, каде температурата внатре е од -3 до -6 степени и каде морате да спиете во вреќи за спиење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag