По бројни и сложени работи кои се изведени за да го вратат предходниот сјај, резиденцијата на познатиот мафијаш Ал Капоне на Палм Бич во Мајами повторно се најде на пазарот за недвижности, а почетната цена изнесува 9,95 милиони долари.
Резиденцијата поседува голем двор, соби за релаксација, приватно пристаниште за бродови. Резиденцијата од 1947 година кога починал Капоне сменила неколку сопственици. Питер Корсел моменталниот сопственик ја купил куќата за 5,65 милиони долари, а цела мината година ја поминал во реставрација на куќата.