Salar de Uyuni – местото на кое небото и земјата се едно исто…

popara21 март, 20122min00
u9i0

Salar de Uyuni, односно,  Salar de Tunup,  со своите 10 582 километри квадратни, е најголемата солена рамнина и едно од најегзотичните  сценографии на земјата.

Оваа рамнина се наоѓа во западниот предел Потоси и јужно од Орура, југозападна Боливија, во непосредна близина на најголемите андски врвови. На својата површина, покриена е со неколку метри дебела кора од сол која е изненадувачки рамна.

Во време на дождливи сезони, се создава оној прекрасен ефект, кој рамнината ја претвора во најголемото светско огледало кое привлекува голем број туристи.

Salar de Uyuni е најголемото светско солено поле, проценето дека содржи 10 милијарди тони сол, од кои годишно се задржува помалку од 25 000 тони сол, а дел под солената кора, содржи дури 70% од светските резерви на литиум. Оваа боливиска сол содржи голема концентрација на натриум, литиум, калиум и магнезиум.

А, всушност, пред 40 000 години, овој предел бил само дел од гигантското, праисториско езеро Minchin. Кога езерото пресушило, зад себе оставило две езера. Прекрасни се, а и самото место, кое докажува дека небото е лимитот…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag