Салата од мисиркино месо со ананас

popara21 април, 20121min00
1

Потребни состојки:

  • 400гр – мисиркини гради
  • 2-црвени пиперки
  • 1-жолта пиперка
  • Зелена салата
  • Малечок домат
  • 200гр- печурки
  • 100гр- сланина
  • 100грр- фета сирење
  • 100гр- ананас од конзерва
  • Оцет(балсамико,или јаболков)
  • Лажиче оригано, сол, вегета

Начин на подготовка:

За салатата, навистина не ви треба некој посебен рецепт, ниту пак точни мерки за состојките. Се може да адаптирате по ваш вкус, отприлика.

Мисиркиното месо исечете го на тенки филети, зачинете со вегета, па ставете го на грил скара. Во меѓувреме исечете ги пиперките, чери доматот, салатата и фета сирењето. Сланината исечете ја на коцки, па пропржете ја на тава. На таа иста маст, од сланината, кратко пропржете шампињони исечени на листови. Кога ќе биде готово месото, исечете го на парчиња. Се заедно промешајте, додадете ананас од конзерва, сол, бибер, оригано. Додадете го оцетот по желба и сервирајте.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag