Состојки:
- 300гр Шампињони, маринирани.
- 6-7 кисели краставици
- 2-јајца
- 70гр-павлака
- 200гр-мајонез
- 250гр-пилешко бело месо
- Сол
- Бибер
- Магдонос
Начин на подготовка:
Шампињоните исецкајте ги на лифчиња, а краставиците на коцкички(1×1см).
Во помал лонец сварете тврдоварено јајце, а потоа исецкајте го на коцкички.
Пилешкото бело месо, исто така, сварете го и исецкајте го на коцкички.
Во чинија помешајте мајонез, павлака, малку магдонос и исецканите намирници.
Зачинете со бибер и сол по вкус.
Сервирајте ладно.