Ел Синтија Џордан, новороденото девојче кое има само шест дена, еден ден веројатно ќе ги шокира своите пријатели кога ќе им каже: ‘Ме роди баба ми’.
Малата Ел на свет навистина ја донела нејзината баба Синди Ројчел (53) која се понудила како сурогат мајка да ја износи бременоста на нејзината ќерка.
Мајката на Ел, Емили (31) не можела да ужива во бременоста, бидејќи пред две години поради рак и е отстранета матката.
Очајна и убедена дека никогаш нема да стане мајка, Синди ја наговорила својата ќерка да ја прифати нејзината понуда. Емили, која сеуште е во неверување, пресреќна е што во рацете може да го држи своето дете.