Секси старлетата покажа дека може да изгледа еднакво добро рано наутро и на гламурозните настани во вечерните часови.
Иако поголемиот дел од жените би рекле дека не се големи љубители на утринското издание, Ким Кардашијан веројатно би го тврдела спротивното. Реалити ѕвездата гостувала во една емисија која се емитува во 9:00 часот наутро, па така скоцкана од глава до пети се појавила пред студиото во раните утрински часови.
Ким на снимањето дошла во тесен црвен вечерен фустан кој ги истакнува сите нејзини атрибути, а својот стајлинг го надополнила со елегантен капут и уште еднаш покажала дека е вистинкса кралица на стилот во секое време од денот или ноќта.