The Korea Times пишува дека Самсунг работи на своја верзија на Фејсбук, која би можела да биде претставена на почетокот на следната година.
Изворот на овие тврдења се наоѓа во изјавата на еден од раководителите на компанијата, а оваа социјална мрежа би била достапна на разни уреди, мобилни, камери и телевизори.
Интерно, наводно во компанијата овој проект бил наречен Самсунг Фејсбук, наведува весникот.
Според изворот социјалната мрежа би била достапна во првиот квартал од следната година.