Минатата година Samsung во 5 месеци продаде 10 милиони Galaxy S II телефони, додека оваа година се три пати подобри. Во еден месец продале и 3 милиони Galaxy Note 2
Најпопуларниот мобилен телефон на Samsung, Galaxy S III, ја преминал бројката од 30 милиони продадени уреди, објавиле во неделата од корејската компанија. За тоа им биле потребни пет месеци. За споредба, минатата година во истиот период продале 10 милиони Galaxy S II. Со тоа, Galaxy S III сега доаѓа и со надградба на Android 4.1 Jelly Bean.
Неодамна претставениот Galaxy Note II, хибриден таблет и телефон во еден месец е продаден во три милиони примероци.