Саранда има преголем потенцијал за да стане новото монденско туристичко место, во кое ќе бидат сплотени сите епитети, за совршено место за одмор и рекреација…
Саранда, е главен град на истоимената област и една од најатрактивните туристички дестинации во Албанија. Ова живописно место се наоѓа „ во прегратките “ на морето и високите планини во позадина. Прочуена е по добриот ноќен живот, убавите песочни плажи и кристално чистото, тиркизно море. По должината на брегот се наоѓаат луксузни хотели и угостителски објекти.
Се наоѓа на Југ, на брегот на Јонското море и е одделена две наутички милји од грчкиот остров Крф, со кој е поврзана со траект. Името на градот потекнува од „ Саранди “ – име на старохристијански манастир, посветен на четириесетте свети маченици. Изградена е на рушевините на античкиот град Онхесмос.
Во последно време, Саранда доживува туристички иградежен бум. Забрзано се градат инфраструктурни објекти, особено патишта…
Според положбата, Саранда, потсетува на турската бајка – Кушадаси, а има и свој „ Ефес“, односно Бутринт, во кој италијанските археолози откриле градби од шестиот век пред новата ера. Во околината на градот се наоѓаат неколку туристички атракции: Acharavi , Finik, Butrinti, Pantokrator, Sidari, Barbati, Peroulades, Gjirokastra oko, Castle Lekures, Agios Georgios…
Саранда е многу повеќе од обична авантура… Размислете за оваа прекрасна дестинација !!!