Во ладниот зимски период идеално е, на крајот на денот да може да си дозволите да се опуштите во сауна, проследено со масажа. Сауната, денес е многу присутна во Шведска, каде што секоја трета куќа дури има и сопствена сауна. Со топла вода и етерични масла од бор и еукалиптус, посипете ги вулканските карпи за да можете да уживате во нежните испарувања и корисниот ефект на дишните патишта. Во прилог на релаксирачката сауна, додека телото го враќа тонусот на мускулите – под услов да не претерувате и внимателно да ги слушате сигналите што вашето тело ви ги дава. Традиционалниот ритуал на сауната се спроведува во три фази: прво истуширајте се со ладна вода, па потоа влезете во кабината. Просечната температура во кабината е 80 ° C, и пожелно е да бидете внатре околу 8 до 12 минути. Потоа повторно истуширајте се со ладна вода, и по пауза од 10-15 минути повторно вратете се назад. Веднаш по сауната скандинавците препорачуваат масажа. За поубава кожа, девојките од скандинавските земји прават топло-ладни масажи, каде по топлиот туш прават масажа со лед. Освен поубава кожа, се подобрува циркулацијата и ќе почуствувате свежина по целото тело.