Студијата докажала дека оние кои пијат умерено, имаат позитивни впечатоци за другите.
Пиењето алкохол е најчест начин на опуштање во друштво, тоа ги тера луѓето на поемотивен пристап кон останатите, имаат полесна комуникација, потврди студијата на универзитетот Питсбурх.
Научниците исто така открија дека алкохолот како да ги ублажува негативните чувства кон другите, па после некоја чаша алкохол околината ни изгледа многу посимпатична, а тоа го менува и нашето однесување кон неа.
Научниците ги поделиле 720-те испитаници во три групи. Тие нормално не знаеле за тоа, па на секоја група и било давано различна доза на алкохол и било следено нивното однесување.
Било потврдено дека испитаниците кои пиеле алкохол биле повесели, насмеани и подобро се забавувале од останатите.
Сепак умереноста е важна, тоа не значи дека треба да се пие во неограничени количини, тогаш ќе ги постигнете спротивните ефекти.