Еден американец се јавил во полиција да побара помош, откако една проститутка по завршената работа му кажала дека цената се зголемила.
Неименуван американец за кој е јавено само дека имал 45 години се јавил во полиција од својот дом во Мичиген.
Тој објаснил дека во домот му дошла проститутка на договорен состанок, но по извршената работа, таа му кажала дека цената во меѓувреме пораснала и му побарала повеќе пари од договореното.
Откако полицијата го добила повикот, решила да ги уапси и двајцата, а бидејќи нивните приказни се разликуваат обвинителот ќе одлучи даќи ќе бидат обвинети за нешто.