
Брајан Фери (66) се венчал на егзотичен остров со 29 – годишната Аманда Шепард, поранешна девојка на неговиот син Исак.
Портпаролот на британскиот пејач открил дека венчавката била едноставна и интимна.
Брајан Фери минатата година ја коментираше разликата во годините со тогашната девојка, а сегашна сопруга Аманда, велејќи дека е многу среќен што се занимава со работа во која има прилика да запознае луѓе од различни возрасти.
Но, се чини дека 29 – годишната Аманда не ја запознал преку музиката, туку преку својот син Исак, кој бил во врска со Аманда пред неговиот татко.
Фери во 2003 година се разведе од Маргарет Мери Хелмор со која бил 21 година во брак од кој имаат четири деца.