Се појави најретката желка на светот

popara6 септември, 20121min00
Baby turtle at Bristol Zoo Gardens

Во Зоолошката градина „Бристол гарденс“ во Велика Британија за прв пат дојде на свет најреткиот вид на желка во светот. Малата виетнамска коцкаста желка се чува во соба со контролирана клима и се храни со ситно сецкани црви за да може да преживее.

Ова е прв пат во една зоолошка градина во Велика Британија да се појави оваа критично загрозена врста на желка, а е втор случај во Европа откако беше забележан случај во Германија.

Малата желка, која го добила името Вернон, е тешка само 28 грама, а долга пет сантиметри. Поголемиот примерок е тежок околу еден килограм, а долг околу 20 сантиметри. Овие желки живеат до 50 години.

“Ова е многу тежок вид за размножување, па сум пресреќен што после толку многу години добивме едно бебе“, изјави Тим Скелтон, кој се грижи за овие желки веќе 40 години.

Со овој примерок, бројот на виетнамски коцкасти желки во оваа зоолошка градина се искачи на седум. Зоолошката градина заедно со експертите за желки од цела Европа покрена европска програма за размножување на овој вид желки, со цел да се спречи нивно изумирање.

Останатите желки од овој вид во дивината се ловат поради месото, се користата за медицинските цели, а се чуваат и како домашни миленици. Означени се како критично загрозени на Црвената листа на Меѓународната унија за заштита на природата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag