Трејлерот за најновиот филм на режисерот Дарко Митревски вчера беше објавен на итнернет. Во филмот се зборува за вистинита приказна од четириесетите години од минатиот век, а опфаќа љубовна приказна на еврејката Ребека која го избегнала холокаустот и депортацијата на 7200 македонски Евреи.
Во филмот играат Сашко Коцев, нашата позната манекенка Катарина Ивановска, Раде Шербеџија, Рихард Замел, Емил Рубен, Тони Михајловски и други. Сценариото исто така е на Дарко Митревски, а композитор е Кирил Џајковски.
httpv://www.youtube.com/watch?v=6NtSwkcN5dM