Во Лос Анџелес минатата ноќ премиерно е прикажан долгоочекуваниот филм на Стивен Содерберг “Magic Mike”, биографска приказна на актерот Чанинг Татум, кој на почетокот на кариерата работел како стрптизер.
Многу дами одбројувале денови до премиерата на филмот во кој Чанинг Татум, Џо Манганиело, Алекс Петфер, Метју Меконахи и Мет Бомер се соблeкуваат на големото платно.
На премиерата присуствувале сите славни актери, а Татум и Меконахи се појавиле придружувани од поубавите половини, кои блескале на црвениот тепих.
Во меѓувреме, на интернет се појавила оригинална снимка од Татум за време на еден настап кон крајот на ’90-тите години, кога актерот ја започнал својата кариера.
Познато е дека Татум работел како стрипер, а филмот “Magic Mike” е неговата биографска приказна.