Се препознал себе си на слика стара 500 години

popara16 ноември, 20121min00
dvojnik

Американецот Макс Галупо доживеал интересно искуство за време на посетата на еден музеј – го видел својот двојник на портрет од XVI век.

Младиот студент на Темпл Универзитетот во Филаделфија, го разгледувал Музејот на уметноста во овој град со својата девојка Ники кога таа го препознала на една од изложените слики.

„Беше навистина чудно. Се најдовме во салата со оклопи и Макс ги разгледуваше кацигите. Застанав пред една слика и му реков: Погледни, ист ти!“, рекла девојката Ники.

За разлика од неа, Макс не се препознал веднаш во човекот на портретот туку дури кога ја видел фотографијата, себе си покрај сликата!

-Портретот потекнува од Италија, од каде што доаѓаат моите дедо и баба – објаснил Макс кој има намера да дознае дали крвта на човекот од сликата тече низ неговите вени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag