Градоначалничката на американскиот град Преј (Pray) ги повикала сите заинтересирани кои сакаат да управуваат со градот да се јават кај неа бидејќи истиот е ставен на продажба за 1,4 милиони долари.
Градот Преј во американската држава Монтана се продава за 1,4 милиони долари. Неговата површина изнесува 20.200 квадратни километри, а оној што ќе го купи ќе добие во пакетот и 681 жители како и продавници и канцеларии.
„Градот не се развива и мислам дека некој друг може многу подобро да ги врши работите“, изјавила Барбара Вокер која моментално е на функцијата градоначалник. Таа изјавила дека во градот нема криминал и е безбеден за живот.