Се продава парче метеор од Марс

popara2 октомври, 20121min00
метеор

Малечко парче од Црвената планета, кое на Земјата падна минатата година за време на дождот од метеори, ќе бида продадено на аукција. Неговата цена се очекува да достигне сума од 256.000 долари.

Каменот долг 8,9 см и тежок 326 грама е формиран под површината на Марс, а во вселената е исфрлен после еден удар на астероид пред неколку милиони години.

После долгогодишно патување низ вселената, парчето карпа стана дел од метеорски дожд кој минатата година падна во пустината во Мароко. Метеоритот е наречен Tissint, според името на селото покрај кое беше пронајден.

Според изјавите на експертите, минатогодишниот метеорски дожд беше најважниот од таков карактер настан во последните 100 години.

Метеоритот го пронајдоа вработените во една американска компанија која се занимава со собирање на вакви камења. Претходно оваа година, компанијата продаде поголемо парче од овој метеорит, тешко 1.134 грама. Помалото парче беше задржано и ќе биде продадено на аукција.

Каменот по својот состав е вулканска карпа формирана од скаменета лава. Аукцијата ќе биде одржана во Њујорк на 14 октомври, оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag