Веќе на сите ни е познато дека животот на Мајкл Џексон бил исполнет со трауми.Меѓутоа од неодамна е пронајдено писмо кое тој и го ипратил на бившата сопруга Lisa Marie Presly,фрла ново светло на неговата борба со притисокот поради фактот дека е една од најпознатите ѕвезди.
Мајкл во писмото пишува дека веќе со денови нема спиено и дека мора да почне да се грижи за своето здравје.Тоа писмо сега ќе биде понудено на аукција, пренесува Daily Mail.
Навистина морам да се одморам.Не спијам веќе 4 дена.Морам да се одалечам од телефонот.Морам да се погрижам за своето здравје- напишал Џексон.
Во писмото Џексон на Лиса со која бил во брај од 1994 до 1996 и рекол дека е луд по неа.
Се очекува дека пораката ќе достигне цена до 1200 долари на аукцијата наредниот месец.
На аукцијата покрај писмото од Мајкл Џексон ќе има и многу други работи кои им припаѓале на познатите личности како стариот пасош на Whitney Houston и наметката која ја носеше Amy Winehouse во спотот за песната Rehab
.