Porsche 911 Turbo кое Бил Гејтс го купил во 1979. година и го возел се до деведесетите години на дваесетиот век, се најде во понудата на една аукциска куќа од Австрија за почетна цена од 15.000 евра.
Гејтс го купил овој модел на Porsche неколку години по основањето на Microsoft, во време кога компанијата е преселена од Aлбукеркија во Сиетел.
Со оглед на тоа дека Гејтс имал обичај да ги тестира максималните перформанси на автомобилот, се случувало полицијата да го запре и да го казни поради пребрзо возење, а во една ситуација неговиот партнер од Microsoft, Пол Ален (Paul Allen), морал да плати каузија за да го извлече од притвор.
Инаку се работи за 3,3 литарки мотор со 300 коњски сили, кој е потполно ремонтиран.