Се разбудила од кома кога почнале да и ги вадат органите

popara19 октомври, 20121min00
koma

Карина Мелкиор била во кома и докторите не верувале дека некогаш ќе се разбуди.

Тинејџерката Карина Мелкиор паднала во кома по сообраќајна несреќа. Се разбудила токму во моментот кога лекарите сакале да ја прогласат мртва.

Според изјавата на еден лекар, таа била исклучена од апарати, а нејзиното тело почнале да го подготвуваат за вадење на органи за донација. Меѓутоа, лекарите биле изненадени кога 19 – годишната девојка изненадно ги отворила очите и почнала да ги движи нозете.

Во моментов се опоравува во центар за реахбилитација. Независно оди, зборува, дури и јава. Нејзиното семејство ја тужи болницата и тврдат дека докторите принудно сакале да и ги одземат органите. “Тие бандити во бели мантили премногу брзо се откажаа од Карина, бидејќи сакаа донатор на органи”, изјавил таткото на Карина.

“Длабоко се трауматизирани и мојата клиентка и нејзините родители, кои беа убедени дека повеќе ништо не може да се направи за да се спаси нивната ќерка и прифатиле да ги донираат нејзините органи”, вели адвокатот на семејството.

Карина по несреќата во болницата поминала три дена, кога лекарите откриле дека нејзината мозочна активност е се послаба, па затоа со семејството зборувале за можноста за запирање на третманот. Нејзините родители се согласиле за донирање на органите.

Карина сега е убедена во целосно закрепнување. За неа е снимен и документарен филм “Девојчето што не сака да умре”.

http://www.youtube.com/watch?v=WG0CdMS3dGM&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag