Откако се разбудила од кома, 32- годишната Сара Томпсон мислела дека е 1998 година и дека сеуште е тинејџерка. На својот сопруг и трите деца, воопшто не се сеќавала.
Сара 10 дена била во кома откако откако и е извршена итна операција на мозокот поради згрутчување на крвта. Токму тој период и избришал 14 години од нејзиното сеќавање. Кога се разбудила, верувала дека Spice Girls се сеуште на врвот на топ листите, дека Мајкл Џексон сеуште е жив и дека има само 19 години, пренесува Daily Mail.
Не само што се разбудила во верувањето дека сживее во 90-тите, туку не се сеќавала ниту дека се омажила и дека имала деца. “Кога дојдоа децата да ме посетат, немав поим кои се. Мислев дека тоа се туѓи деца”, раскажува Сара. Својот сопруг, исто така, не го препознала, мислела дека е дел од перосналот кој се грижел за неа додека лежела во болницата. “Постојано беше околу мене, така што претпоставував дека работи во болницата”, изјавила Сара.
Нејзината мајка се обидела да и објасни дека тоа е нејзиниот сопруг, но таа не се сеќавала на ниту една средба со него, како ни на својата ванчавка. “Морав повтрно да се заљубам во него. Ме носеше на сите места каде сме биле откако сме се запознале, па така ми помогна да го вратам секавањето”, додава Сара.
Често ги прегледувале заедничките фотографии за да се сети на деталите од својот живот пред операцијата, но таа имала впечаток дека гледа друга личност. Сепак, со силни напори успеала да врати некои спомени и повторно да го бнови својот живот. “Сакам да им дадам надеж на другите луѓе и да им кажам дека сè е можно за да преживеат”, додава таа.