Се разведуваат лезбејки во Македонија, судот не знае како да им го подели имотот

popara3 ноември, 20121min00
lezbejki2

Македонските судови имаат правен предизвик, како да го поделат имотот по разводот на две лезбејки.

Двете жени, според сторијата на Нова македонија,  биле во брак и се развеле во Белгија, но имотот кој го купиле во земјава мора да го разделат македонските судови.

Едната од двете жени, по потекло Македонка долго време живеела и работела во Белгија. Се омажила и по смртта на сопругот наследила многу пари. Со втората жена, исто така Македонка, стапила во брак по неколку години. Доаѓале во земјава и купувале имот со парите на првата но на име на втората жена зашто таа била македонска државјанка. Купиле скапи недвижнини во Скопје, Крушево и Охрид.

Правниците првично збунети од ситуацијата. Во земјава не се дозволени истополови бракови па така е проблематична поделбата на имотот во овој случај. Но од друга страна Македонија ги признава документите издадени од белгиските органи што значи дека треба да го признае бракот и разводот а потоа и да постапи во случајот. Адвокатите сепак најдоа решение за колизијата на закони.

 

– Постапката треба да биде брза и едноставна. Странките во постапката ќе бидат третирани како косопственици на имот. Едната ќе ја тужи другата и ќе си го бара делот што го дала. Целата работа можат да ја завршат адвокатите, но не е исклучена можноста странките во текот на постапката да имаат и некое друго побарување – појаснува адвокатот Вуксановиќ за весникот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag