НЛО кој се сруши во подрачјето на Сибир е тежок околу 200 килограми и е од непознато потекло. Пред полицијата да го однесе на непознато место, утврдено е дека не е дел од човечката вселенска програма или оружје.
Збунетите мештани тврдат дека објектот паднал од небо. Слушнале гласен тап удар и виделе предмет кој го опишуваат како огромна канта за ѓубре. Пред полоцијата да стигне сите мештани добро го разгледале таинствениот објект.
Тоа што засега е познато е дека објектот е направен од титаниум, празен е и не е радиоактивен. Со оглед на тоа дека се исклучени можностите ова да е сателит, ракета или друг објект кој луѓето го ланисраат, сеуште е потполна мистерија за каков објект всушност се работи.
Уште понеобично е што веднаш по доаѓањето на полицијата и првите извештаи, објектот итно беше префрлен од тоа место и под будно око е на одреден тим чие овластување и авторитет ниту на полицијата не е и е објаснет.
Тешко е да се каже дали станува збор за вонземјанска технологија, или можеби станува збор за тајна воена технологија или за технолошки новитет на другите земји кој по грешка завршил на руско копно, но тајноста сугерира дека веројатно не станува збор полнач на гориво или слична вселенска машина.