Иако е оженет и има едномесечно бебе, сеуште останал оној “дивиот“ Роби.
Со својот настап на италијанскиот X Factor, Роби Вилијамс покажа дека дивите денови не се позади него и дека сеуште знае како да го привлече медиумското внимание.
38-годишниот пејач ја прегрнивал и бакнувал голата танчерка, која на себе имала само очила, танга и високи потпетици.
Роби покрај настапот на X Factor во Милано се појавил и за да ја промовира својата линија на машка облека Farrell.