Пекинг – Херојот кој не преживеа.
Еден човек и дете се удавиле во заледена река во Кина.
Несреќата се случила во кинеската провинција Тијанин, а човекот скокнал во реката кога видел дека неговата ќерка и нејзин другар се дават.
Девојчето си играло со двајца пријатели покрај замрзнатата река. Одеднаш едно од другарчињата пропаднало низ мразот и почнал да се дави. Девојчето се обидело да му подаде рака за да го спаси, но и тоа самото пропаднало.
Кога чул врескање таткото веднаш се фрлил во реката за да ги спаси. Била спасена само неговата ќерка, додека таткото и другото дете се удавиле.