Седењето е поштетно и од пушењето!

popara8 март, 20121min00
Businesspeople working in office

Ако мислите дека најштетните професии се оние кои се поврзани со тешка физичка активност, се лажете. Според експертите оние професии кои представуваат седење цел ден пред компјутер или на биро се најопасните. Наднормалната телесна тежина, болестите на срцето и крвните садови, остеопорозата и диабетот се само дел од болестите кои ги поврзуваат со ваквиот начин на работа.

Ваквиот работен режим води до мускулна пасивност која од своја страна го влошува здравјето и дури редовниот спорт не е доволен да ја поправи штетата. Лекарите од американската клиника Мејо во Минесота велат дека штетата од ваквиот начин на работа и долгите сати пред биро е многу поголема од штетата што ја предизвикува пушењето. Тие уште тврдат дека луѓето кои минуваат четири часа на ден во седната положба имаат 80% поголем ризик од болести на срцето и смрт како последица на инфаркт и сл.

Мислам дека ова е сосема доволно за да сватиме што ни прави современиот начин на живот. Колку тажно навистина 🙁

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag