Кинеските воени бродови влегле утринава во водите блиску до јапонскиот остров Jonaguni, со што и понатаму се зајакнуваат тензиите помеѓу Пекинг и Токио околу спорниот архипелаг во Источното кинеско море.
“Јапонскиот авион забележал седум кинески бродови во водите 49 километри југо-источно од островот Jonaguni”, соопштило јапонското министерство за одбрана.
“Се движат кон север, од Пацификот кон Источното кинеско море”, рекол портпаролот на министерството. Портпаролот укажал дека кинеските бродови се во граничните води, 44 километри југозападно од Наканокамишима.
Министерството укажало дека ќе продолжи да ги надгледува водите со авиони и бродови. Во последните неколку недели, кинеските бродови, за набљудување и патрола, константно пловеле во близина на спорниот архипелаг и го надгледувале, додека воените бродови не се приближувале толку блиску до јапонската територија.