Секој човек е ангел со едно крило и треба да се гушнеме силно за да полетаме

popara13 март, 20121min00
3

Вчера сонував дека сум пеперутка…и денес се прашувам, дали сум човек што сонувал пеперутка или пеперутка што во мометот сонува дека е човек?

Аплаузи за девојката што се обидува да ја надмине гравитацијата,

Аплаузи за девојката што доброволно се откажа од убавиот и мирен живот, за да го брка ветрот,

Аплаузи за девојката што се фрли со затворени очи во бездната!

Од  доста време паѓам стрмоглаво надолу и се го одложувам моментот, во кој треба да  ја повлечам рачката на спасителниот подобран. Едноставно ми се допаѓа чувството кога летам. Проблемот е во тоа, што неколку пати за малку ќе ја преминев критичната граница, а после тоа што и да направам, ударот со тврдата земја е неизбежен. Но и покрај тоа продолжувам да скокам со се поголема страст и желба. Незнам искрено како ќе заврши сето ова, но верувајте ми само едно, чувството си заслужува.

Кога ќе почнеш да леташ, се почесто го гледаш небото отколку земјата.

Кога ќе се оставиш на спонтаноста, престануваш да се сопнуваш на камењата по патот.

Кога ќе поверуваш дека си пеперутка, никој не може да те убеди дека си само човек…

А понекогаш сваќаш дека си летал дури тогаш кога ќе се паднеш и ќе почуствуваш болка. Но и покрај тоа треба да се смееш, нели си успеал?

Секој човек е ангел со едно крило и треба да се гушнеме силно за да полетаме.

Решив да се насладувам дури и на несигурноста…На секое забрзување и прескокнување на срцето, на секоја однесена насмевка, на секој краткотраен полет, дури и кога е придружен од болното паѓање, на секое вдишување и воздишка…зошто тоа ми помага да чувствувам дека сум жива!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag