Губењето килограми во седум дена, американската старлета Ким Кардашијан го препишува на сексот.
Ким Кардашијан открила дека со нејзиното момче Кание Вест често води љубов и дека е одличен начин за согорување калории.
‘На шега тоа го нарекуваме секс диета. Кога една од нас во семејството има редовен секс секогаш помалку јаде. Губењето три килограми во еден ден зборува дека сум била злочеста’, се пофалила ѕвездата на реалното шоу Кардашијан.
Меѓутоа, од губењето на килограми на својата девојка, Кание воопшто не е воодушевен. Повеќе му се допаѓа кога е полна.
‘Кание ги обожува нејзините облини и постојано и зборува дека не смее премногу да ослабне. не разбира зошто ослабнала кога знае дека тоа нему не му се допаѓа. Смета дека Ким треба да ги задоволи неговите барања’, изјавил пријател на двојката.