Секс хороскоп за август

popara9 август, 20121min00
horoskop

Дознајте каква авантура ве чека во следниот период!

Овен – секогаш расположени за страстни молњи и громови. Вашите сексуални импулси завист од вашата чудна природа, но во овој период сте повеќе од расположени за игра. Вие сте голем нарцис и прифаќате исклучиво игра која ве задоволува само вас. Но доколку дојде до неуспех, поразот на военото поле на љубовта овозможува единствена прилика за емоционално созревање.

Бик – имаат сензори да препознаат ситуација која ќе заврши поволно за нив.Вродено се плодни. Уживањето е во нивната природа. Создадени сте за секс! Ако сте сами, се чувствувате овенато. За да се разгорат страстите потребна ви е сензуална иритација и затоа ова лето ќе се концентрирате на тоа.

Близнаци – влегуваат со судбоносно важни и формално исправни односи. Со заеднички напори, прифаќање на одговорност и взаемно предавање, градат стабилни и трајни темели на љубовната врска. Задоволни се со нивниот моментален сексуален живот. Темелно и целосно.

Рак – гледаат наназад и се враќаат на старите љубови. Иако изгледа дека меѓу вас се е исто како и претходно, тоа е далеку од вистината. Внатрешните промени не се видливи на прв поглед. Само сексот ја одржува таа врска во живот, а тоа на Раковите не им е доволно. Најпаметно е да се тргнете од тоа и да пронајдете нова авантура.

Лав – живеат во уверување дека се централна фигура на универзумот околу кои се се врти. Умисленоста ја расипува убавината на нивниот дух. Нивната огнена еротика е во полн творечки погон. Секогаш се подготвени за акција.

Девица – не се во идеален љубовен период. И сексуално се (помалку или повеќе) нефункционални. Ви пречи топлината, влажноста, дождот, неповолниот смер на ветерот. И климатизацијата ги демотивира. Не знаат што сакаат, што може да биде непривлечно за спротивната страна.

Вага – се колебаат да ги изразат чувствата, а таквиот неавантуристички пристап може да доведе до прилично несреќен општествен живот. Хармоничниот однос помеѓу Венера и Сатурн, помага да престанат да веруваат во себе. Сметајте на експлозија на сексуалната енергија.

Шкорпија – специјализирани се за лов во темните води на љубовта. Тој или таа е во сериозна врска , а вас тоа ви пречи премногу. Колку ситуацијата е понеизвесна и опасна, толку повеќе за вас приказната е повозбудлива. Ако влегувате во сексуални односи без заштита, не сметајте на небесна помош!

Стрелец – се жртвуваат за љубов, дури и сопствената гордост. Тој или таа ве влече за нос, а вие тоа не го гледате од љубовното слепило. Кога ќе прогледате, ќе станете свесни дека од него или од неа очекувате премногу. Добивате пијан секс за една ноќ, а се друго било утопија.

Јарец – премногу е зафатен и тоа во емотивна смисла. Не гледате излез од интимниот хаос во кој изненадно сте упаднале. Кој прв почна… Кој е виновен…??? Премногу тешки прашања без прецизни одговори. Ни сексот не ја спасува ситуацијата, ако воопшто сеуште ја има…

Водолија – не се заинтересирани за брак и тоа го признаваат. Со него или со неа не делите сличен поглед на светот и тоа е добра причина да прекинете. Зајакот се крие во ракавот. Се служите со провидни магионичарки трикови. Вашата сексуалност е експериментално љубопитна.

Риби – уживаат во нова ‘морска’ љубов. Нежно се галат. Со врелите бакнежи ги лечат старите душевни рани. Во срцето на рибите се е повторно идилично. Вашата романтична бајка е идеална за филмско сценариот. Совршените моменти на целосна среќа ги паметите засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag