Долготраен и до некаде досаден секс? Не, дури и на жените се поретко им се занимава со бавното достигнување до оргазам.
Е, претставничките на понежниот пол сосема не се откажале од романтичните моменти и нежното загревање пред вистинскиот акт, но пак брзиот секс си е многу повозбудлив.
Ако треба да зборуваме во цифри, експертите го определуваат сексот под 3 минути како премногу брз, од 3 до 7 минути како адекватен, од 7 до 13 минути како идеален и над 13 минути како премногу долг.
А сега ќе зборуваме малку за брзиот секс, или како што јас милувам да го нарекувам: „секс на екс“.
Дополнителен бонус овде е нетрадиционалната локација – колку понеобично е местото, толку поинтензивен е филингот.
Еве и неколку места, кои се далеку од спалната соба, не нудат мек кревет но ќе ја подигнат еротиката и сексуалниот нагон до зона „црвено“ !
Во канцеларија – штом станува збор за работното место, значи единствената опција е брзиот секс. Штом вредните колеги ќе си заминат, доаѓа и вашиот ред да поработите. Но внимавајте, бидејќи ако ве фатат, може многу да ве чини. Идеална поза: од позади во исправена положба.
Во лифт – класика во жанрот. Идеална поза: жената е со грб кон мажот, потпрени на ѕидот, а задникот назад и нагоре. Мажот ја држи цврсто и проникнува брзо во неа.
Во тоалетот во ноќен клуб – бурно и страсно танцување, пригушена светлина и неспирлива желба. Звучи познато, нели? Заклучете се во тоалетот и стартијате со експресното задоволство! Поза: едната варијанта е секс позата од лифтот. Втората е мажот да седне на капакот од шољата , а жената да го јавне свртена кон него со лице или грб!
Во кола – идеално место за брз секс. Единствен услов е да не возите, додека го правите. Поза: мисионерска на задното седиште, „од позади“ на хаубата ако времето е топло, или „јавање“ во седната положба на предното седиште.
На отворено – паркови има колку да сакаш. Силната возбуда ќе ве топли дури и во најстудените зимски денови. Поза: зависи од избраното место. Мисионерска на клупа во паркот, секс во исправена положба ако сте потпрени на некое дрво и сл.
Брзиот секс ја намалува напнатоста, го зголемува тонусот и најважното ви носи незаборавни моменти кои ќе ги паметите!
Но има само еден основен недостаток – жените обично имаат потреба од повеќе време за да стигнат до оргазам, но за еден искусен маж тоа не би било проблем, нели?