Секси кожа за само неколку дена

popara3 јануари, 20121min00
333333333

Празниците и убавата кожа едноставно не одат рака под рака. Ноќните излегувања, големото количество на алкохол, претераната храна, статичноста и големото количество шминка се само дел од причините зошо нашата кожа изгледа суво и иритирано. Еве ви неколку совети како да го вратите стариот сјај на кожата:

Подалеку од слатките: Преголемото количество шеќер и рафинирани јаглехидрати може да доведе до воспаление и иритација. Држете се настрана од слатките само шест дена и ќе ги забележи промените. Наместо слатки, конзумирајте зеленчук и протеини. Исто така јадете малку суви кајсии и сусам кои помагаат во борбата против брчките.

Посветете повеќе време на вашата кожа: Набавете средства за чистење на лицето со салицилна киселина, која на вашата кожа ќе и пружи нежен пилинг и ќе и помогне да ја абсорбира хидратантната крема која ќе ја нанесе после секое чистење.

Масажа на лицето: Секојдневната масажа на лицето може да и помогне на кожата да се ослободи од нечистотиите и симулира лимфна дренаша што ќе ви помогне да ги намалите отоците.

Наспијте се: Доколку имате проблем да заспиете, испијте чаша сок од вишни пред спиење, кој содржи високо ниво на мелатонин кој помага при проблемите со несоница. За да имате сјајна кожа и одморен изглед неопходно е да спиете најмалку осум часа на ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma