Џенифер Лопез на навикна на различни стилски изданија. Меѓутоа, за неа најчесто се врзува епитетот “дива”, бидејќи се чини дека најдобро се снаоѓа на црвениот тепих во елегантни фустани.
Во најновиот едиторијал ја покажа и својата бестрашна страна и се фотографирала како женскиот Роки од култниот филмски серијал…
Откако светските медии ја пренеле веста дека Џенифер Лопез ќе застане пред објективот о можеби најпопуларниот фотограф во светот, Марио Тестина, сите очекуваа чудо! И навистина, фотографиите кои ви ги претставуваме, кои се производ од нивната соработка – ве оставаат без здив! Латино дивата се трансформирала во женски боксер или Роки за магазинот “V”. Постои уште еден сет фотографии кои си снимила со споменатиот фотограф, а позирала во секси бел костим за капење. Сеуште не се објавени, но ги очекуваме со нетрпение. До тогаш, пазете се од нокаут…