Тимот предводен од Северина започна со снимањето на спотот за песнaта Италијана! На затворен автопат во близина на Велика Горица, Хрватска, Северина и Ана Бебиќ ја одглумиле култната сцена од филмот Телма и Луис.брзале со автомобил, пееле и ги покажале своите одлични тела. “Уживав. Обично други ме возат, па ова ми беше добра прилика да се пробам зад воланот”, објавила Северина.
Со Северина и Ана, во спотот се појавуваат и Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, одговорни за хитовите на Северина Brad Pitt и Grad bez ljudi. Тие глумат автостопери кои девојките ги собираат на автопат.
Спотот освен во Зaгреб се снима и во Сплит, Белград, Сараево, Скопје, Нови Сад, Љубљана и многу други градови во поранешна Југославија.